Фетел го нападна Кубица: Не им земај место на младите во Ф1! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Фетел го нападна Кубица: Не им земај место на младите во Ф1!

Фетел го нападна Кубица: Не им земај место на младите во Ф1!

Седум години по тешката несреќа, Роберт Кубица планира да се врати во Формула 1, но другите возачи на тоа не гледаат премногу со симпатии. Еден од најгласните критичари е четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел. Германецот кој во 2007 влезе во Ф1 како замена за Кубица во тимот на Заубер, по неговата несреќа на трката во Канада, смета дека враќањето на 33-годишниот Полјак во Ф1 по седум години пауза ќе биде чисто промашување.

Мислам дека е многу трагично тоа што му се случи, Кубица беше иден светски шампион. Но никако не разборам зошто сега притиска за враќање во Формула 1. Зошто не го направи тоа порано?За него тоа сигурно би била убава приказна, но од друга страна, ќе биде штета за младите возачи на кои би им го зел местото во болидот“ – изјави Фетел во разговорот за швајцарскиот магазин „Блик“.

Роберт Кубица настрада во февруари 2011 на рели во Италија, имаше тешки повреди, за малку ќе ја загубеше десната рака и имаше долг период на опоравување. Оттогаш полскиот возач нема настап во Формула 1. Сега најави враќање во Ф1, во тимот на Вилијамс.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.