ФОТО: Конечно, насмевка на лицето и за Лазим Дестани!

Сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани минуваше тешки фудбалски денови на крајот од изминатава сезона на домашната сцена по неуспехот на неговиот тим кој остана без трофеј и во првенството, но и во Купот на Македонија.

На почетокот од минатиот месец Дестани истакна дека размислува дали и на кој начин во иднина да продолжи со финансирањето на Шкендија. Но, очигледно сега следат денови за насмевка за него по успешните европски настапи на „црвено-црните“… Сето тоа и по назначувањето на Ќатип Османи на клупата на тимот, кој донесе огромна свежина во Шкендија.

Па, Дестани со насмевки го напушти и Хелсинки со приватен авион заедно со својот пријател Енвер Малиќи, сето тоа овековечувајќи го и со фотографија. Дестани и Малиќи го следеа во живо вчерашниот натпревар на Шкендија, сега во очекување и на новата европска одисеја против литванската Тракаи…

Се вчитува...