ФОТО НА ДЕНОТ: Не заслужувате поддршка, отидовме да јадеме

Навивачите на Интер се бесни на фудбалерите на овој тим поради очајните игри оваа сезона поради кои „нероаѕурите“ повторно се далеку од врвот на Серија А.

Интер денеска по првото полувреме губи од Сасуоло со 0-1, а навивачите разочарани од слабата игра на своите миленици уште по дваесетина минути ја напуштија својата трибина, оставајќи само транспарент: „Не ја заслужувате нашата поддршка, збогум, отидовме да јадеме“.

Се вчитува...