Фудбалерите скокнаа три места на ФИФА – Најдобар ранкинг во последните седум години

Фудбалската репрезентација на Македонија има скок од три места на најновото рангирање на листата на ФИФА. Сега „црвено-жолтите“ се рангирани на 73.место и продолжуваат со континуираното искачување на табелата на најдобрите светски фудбалски селекции. Тоа е најдобар пласман на Македонија во последните седум години.

Ова е секако убава информација за селекторот Игор Ангеловски и фудбалерите во пресрет на ждребот за Лигата на нации кој ќе се одржи на 24.јануари во Лозана. Македонија е носител меѓу селекциите во Лигата Д од ова новоформирано натпреварување на УЕФА.

Се вчитува...