Галатасарај го бара Сашо Филиповски за тренер

Македонскиот кошаркарски стратег Сашо Филиповски е голема желба на раководството на Галатасарај за тренер на оваа евролигашка екипа за следната натпреварувачка сезона. Галата има зад себе уште една разочарувачка сезона, која според сите најави ќе значи и разделба од сегашниот тренер Ергин Атаман.

Во меѓувреме раководството на Галатасарај веќе ги разгледува опциите за нов тренер, а на самиот врв на нивната листа со желби се наоѓа Филиповски. Македонецот, кој во стручниот штаб го има и Боби Митев, имаше одлична сезона со Банвит, тим со кој го освои Купот на Турција, а воедно стигна и до финалето во Лигата на шампионите на ФИБА. Токму поради тоа, раководството на Банвит планира да го задржи Филиповски на своето кормило и во следната година.

Сашо Филиповски привлекува интерес од врвни клубови, тоа е нормално, но ние имаме уште една година од договорот и сигурно не планираме да го раскинеме порано од предвиденото. Имаме осет да избереме тренери, ако се знае дека претходно на клупата на нашиот клуб седеше и Итудис“ – изјави претседателот на Банвит, Озкан Килиц.

Се вчитува...