Ѓоковиќ елиминиран од Киргиос во осминафиналето на Индијан Велс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доќивеа рана елиминација на Индијан Велс, откако во осминафиналето загуби од „лошото момче“ Ник Киргиос од Австралија со 2-0 во сетови. Не му одеше ништо од рака на Ѓоковиќ на овој меч. а Киргиос тоа знаеше да го искористи на најдобар можен начин.

Австралиецот го доби првиот сет со 6-4 во гемови, а во вториот се играше тај-брејк. Сепак, повеќе нерви и подобра концентрација имаше Киргиос и го доби со 7-3 на поени, комплетирајќи го сетот со 7-6.

Во четвртфиналето, Ник Киргиос го очекува подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Се вчитува...