Голден стејт не може без Кевин Дурант

Без поддршката од Кевин Дурант, Голден стејт лошо си помина на гостувањето во Чикаго. Вориорси загубија во „Јунајтед центарот“ со 94-87, во меч во кој Џими Батлер со 22 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Стеф Кари за гостите запиша 23 поени.

Победа синоќа запиша и Феникс во дуелот со Шарлот од 120-103. Маркес Крис за домашните постигна 17 поени, а го следеа Алан Вилијамс и Ти-џеј Ворен со по 15 постигнати поени. Кај гостите се издвои Кемба Вокер со 26 поени.

Портланд на домашен терен славеше против Оклахома со 114-109, со одличен настап на босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ кој мечот го заврши со 18 поени, 12 скока, шест асистенции и пет блокади. Најдобар во победничкиот состав беше Дамиан Лилард со 33 поени.

Оклахома по обичај беше предводен од Расел Вестбрук кој постигна 45 поени, дополнети и со осум скока.

Се вчитува...