Горан Пандев - амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Меѓ. Фудбал
26/09/2017 22:41
Кошарка
26/09/2017 21:01
Ракомет
26/09/2017 17:49
Фудбал
26/09/2017 12:18

Горан Пандев – амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017!

Горан Пандев – амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе биде официјалниот европски промотор на најголемиот спортски настан кој оваа година ќе се одржи во нашата земја – УЕФА Суперкупот 2017 кој на 8. август се игра на „Телеком арената“ во Скопје.

Пандев, со одлука на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, ќе биде амбасадор на Суперкуп финалето – „Скопје 2017“.

Официјалното негово претставување како амбасадор на Суперкупот ќе биде во текот на утрешниот ден, по што од негова страна во следните четири месеци ќе следат активности за промоција на Македонија, македонскиот фудбал и организацијата на Суперкупот.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.