Ѓоргиев го зеде и скалпот на шампионот на Полска

Онико ја продолжи фантастичната серија во полскиот шампионат што сега изнесува извонредни 13 победи во низа, откако тимот на нашиот Никола Ѓоргиев го зеде и скалпот на шампионот Козле, триумфирајќи во вечерашното дерби со 3-2 во сетови.

Одбојкарите на Онико одлично го почнаа мечот и поведоа со 2-0 (25-21, 27-25), но гостите потоа успеаја да се вратат и да го израмнат резултатот. На мака се познаваат јунаците, па така во тајбрејкот тимот од Варшава инсистираше на игра на Ѓоргиев, а македонскиот репрезентативец одговори на предизвикот, освојувајќи клучни поени на патот до големата победа (15-11).

Капитенот на нашата репрезентација го заврши овој дерби дуел со 24 освоени бодови и сосема заслужено го доби епитетот МВП на натпреварот.

Со овој триумф Онико останува на делба на второто место на табелата со Белхатов, со 11 бода заостанување зад лидерот Козле.

Се вчитува...