Хоби – лига: Почнува вториот дел од сезоната

Проектот Хоби-лига во мал фудбал продолжува денеска со вториот дел од сезоната. Отсега ЕКИПА (www.ekipa.mk) ќе биде медиумски партнер и промотер на Хоби Фер Плеј лигата. Препознавајќи ја идејата за привлекување што повеќе млади да се занимаваат со спорт, веруваме дека ова партнерство ќе донесе уште поголем развој на рекреативниот фудбал во Македонија.

Хоби – лигата продолжува со пролетниот дел од сезоната. Фудбалерите на Ресторан Т’га за југ, со еден натпревар помалку (одложен) го заверија првото место на табелата по есенскиот дел, освојувајќи 42 бода, пет бода повеќе од второпласираниот тим на Уника Дизајн. Во најава се интересни натпревари, и секако голема борба за првите три места кои носат и соодветни награди.

Туристичката агенција „Игуана Травел“ на првопласираната екипа доделува пакети за летен одмор за целата екипа. За второто и за третото место подготвени се пакети на спортска опрема од компанијата „Спорт Арена“. Сето тоа зачинето со комплетна поддршка од „Кожувчанка“, која обезбедува освежителни пијалоци за екипите во текот на одигрувањето на натпреварите од Хоби – лигата.

Се вчитува...