Холандска замена во Фенербахче: Винсент Јансен доаѓа да го наследи Ван Перси - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

Холандска замена во Фенербахче: Винсент Јансен доаѓа да го наследи Ван Перси

Холандска замена во Фенербахче: Винсент Јансен доаѓа да го наследи Ван Перси

Турскиот гигант Фенербахче, кој беше елиминиран од македонскиот првак Вардар во плејоф колото за пласман во групите од Лигата на Европа, донесе капитално засилување во нападот во последниот ден од летниот преоден рок во Турција. По сериозната повреда на Робин ван Перси, раководството на клубот му пронајде холандска замена. Нов фудбалер на Фенербахче ќе биде Винсент Јансен, холандскиот репрезентатицец кој доаѓа на едногодишна позајмица од англискиот премиерлигаш Тотенхем.

„Среќен сум што допатував во Истанбул. За мене ова е нов предизвик и нова можност во кариерата“, изјави Винсент Јансен, на аеродромот „Кемал Ататурк“, а потоа се упати во клупските простории на Фенербахче.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.