Има и нешто „добро“ за Барса во повредата на Дембеле

Францускиот интернационалец Осман Дембеле има малерозен старт на кариерата во дресот на Барселона. Тој се повреди посериозно на мечот против Хетафе и ќе мора да замине на операција, а се предвидува дека ќе паузира четири месеци. Дембеле веќе замина во Финска, каде ќе биде опериран.

Но, читајќи ги клаузулите во договорот меѓу Дембеле и Барселона, има и нешто „добро“ за клубот од „Камп Ноу“ при оваа повреда на Французинот. Имено, Барселона ќе спаси 10 милиони евра за една од клаузулите која сигурно нема да биде исполнета.

Борусија Дормтунд, претходниот клуб на Осман Дембеле, ќе требаше да добие бонус од 10 милиони евра, доколку тој оваа сезона настапеше на 50 натпревари за Барселона во сите конкуренции. Сега, со оглед на тежината на повредата и отсуството од најмалку четири месеци, тоа и нема да биде можно. Така, во целата мака, Барса најде и нешто „добро“ во повредата на Дембеле.

Меѓу другото, интересен е податокот кој вели дека Нејмар се повредил на идентичен начин како и Дембеле, во неговата прва сезона во дресот на Барса. Двајцата се повредија против Хетафе, покрај истата аут лунија, повредата е на исто место на телото, а сето тоа на двајцата им се случило во 25. минута. Нејмар потоа импресионираше со неговите настапи, заврши со 15 погодоци и 15 асистенции во дебитантската сезона на „Камп Ноу“, па сега фановите истото ќе го очекуваат и од Дембеле.

Се вчитува...