ИН МЕМОРИАМ: Почина атлетскиот работник Атанас Кираџиев

Македонскиот спорт остана без еден од своите најистакнати атлетски работници, Атанас Кираџиев. Поранешниот долгогодишен македонски атлетичар и гимнастичар почина денеска, информираат од атлетскиот клуб „Ендуранс“.

„Македонската атлетика и нашиот тим загубија еден голем атлетски работник. Атанас Кираџиев – стартерот без кој стартовите на големите трки повеќе нема да бидат исти“ – информираат од клубот.

Атанас, љубовта кон атлетиката ја пренеси и на неговите две деца, шампионот на Македонија во маратонско трчање, Александар Кираџиев како и националната рекордерка Весна Кираџиева.

Се вчитува...