Ивица Осим: Ако го изберат син ми за селектор, најмногу ќе „крка“ жена ми – сите пцујат мајка!

Едно на најголемите фудбалски имиња на балканските простори, Ивица Осим во интервју за босанската телевизија се осврнува на фудбалот – некогаш и сега.

Последниот селектор на СФРЈ кој имаше извонредни успеси со селекцијата пред распаѓањето на поранешната држава вели дека денеска тренерите и фудбалери постојано и на се се жалат. Фудбалот не се чувствува како некогаш…

„Денеска на тренерите и фудбалерите за неуспесите им се виновни гледам терените, празните трибини, а не го гледаат фактот дека не работат како што треба. И ние игравме на лоши терени, кога во Европа беа идеални, но со европскиот фудбал париравме рамноправно. Но, ние го сакавме фудбалот. Сега, најважни им се само парите. Порано не беше тоа така… Порано и публиката доаѓаше да ужива во фудбалот, а денеска и навивачите доаѓаат да се гледаат само едни со други а не фудбалот“ – вели Осим.

Како еден од главните кандидати за нов селектор на БиХ се спомнува токму синот на Ивица, Амар Осим…

„Додека не видам дека ќе биде не се надевам. Но, ако го изберат Амар тогаш најмногу ќе ‘крка’ мојата жена, затоа што кога сите пцујат – ви пцујат мајка. А на селекторот секако сите го пцујат. Мора со мојата жена да направите интервју“ – вели на шега Ивица Осим.

Се вчитува...