Извршена операција: Вујошевиќ остана без прст на ногата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Извршена операција: Вујошевиќ остана без прст на ногата

Извршена операција: Вујошевиќ остана без прст на ногата

Трофејниот кошаркарски стручњак Душко Вујошевиќ остана без прст на ногата откако денеска врз него беше извршен хируршки зафат на клиниката во Белград. Екс-тренерот на Партизан има гангрена поради која не можеше да ја води селекцијата на БиХ на последниот квалификациски меч со Ерменија, кога беше обелоденето дека болеста не е нималку наивна, а на Вујошевиќ му се заканува дури и амтупација.

Третманите што ги имаше во хипербарична комора придонесоа состојбата да се стабилизира, а болеста да не се шири понатаму. Сепак, еден прст мораше да биде отстранет, за да не се намали ризикот од поголема опасност. Неопходна беше хируршка интервенција, што мина без никакви проблеми“ – изјави доктор Лазар Давидовиќ од Клиничкиот Центар во Белград.

Самиот Вујошевиќ потврди дека е чувтвува добро по хируршкиот зафат.

„Секако дека би било најдобро до ова воопшто да не дојдеше, но операција сепак беше најдобра опција во моментов. Се чувствувам добро и им благодарам на сите за пораките со поддршка“ – порача трофејниот стратег.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.