Јотовски стартуваше со победа на турнирот во Тунис

Томислав Јотовски со победа стартуваше на главниот турнир од ИТФ Фјучерсот во Хамамет, Тунис, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Јотовски, кој преку квалификациите обезбеди место на главната ждрепка, во првото коло во маратонски меч беше подобар од Французинот Луис Теса, победувајќи со 4-6,6-3,7-6.

Во второто коло на турнирот, Јотовски ќе игра против третиот носител Иван Неделко од Русија.

Се вчитува...