Италијанскиот првак Јувентус ја оствари и петтата победа од почетокот на сезоната во Серија А, совладувајќи ја Фиорентина на домашен терен со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Марио Манџукиќ во 52.минута од средбата.
Mario Mandzukic Goal HD – Juventus 1-0… by alexpaul-percecПокрај „старата дама“, и Наполи е максимално ефективен по пет кола. „Наполитанците“ го совладаа Лацио во Рим со 1-4. Домаќинот водеше по првиот дел со голот на Де Фрај, но Наполи постигна четири гола во второто полувреме. Кулибали, Калјехон, Мертенс и Жоргињо од пенал стрелаа во мрежата на „лацијалите“.
All Goals & Highlights HD – Lazio 1-4 Napoli… by FoxSportsEN
Милан со голови од пенал на Родригез и на Кеси оствари триумф од 2-0 над Спал, а Аталанта беше убедлива против Кротоне и славеше со 5-1.
Резултати Италија: Јувентус – Фиорентина 1-0, Милан – Спал 2-0, Аталанта – Кротоне 5-1, Калјари – Сасуоло 0-1, Џенова – Киево 1-1, Лацио – Наполи 1-3, Удинезе – Торино 2-3, Верона – Сампдорија 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА