Кикер: Баерн прифати 40 милиони евра од Јуве за Даглас Коста

Даглас Коста дефинитивно ја продолжува кариерата во Јувентус, откако германскиот првак ја прифати понудата од 40 милиони евра. Германскиот „Кикер“ ја потврди оваа вест, а Коста ќе биде првото големо засилување на Алегри. 26-годишниот крилен играч ќе заработува 5 милиони евра годишно.

Бразилецот сезонава не беше во прв план кај Анчелоти, одигра само 23 натпревари во германското првенство, што е значително помал број на настапи во однос на првата сезона на „Алијанц“ арена. Коста смета дека ќе добива повеќе шанса во Јувентус.

Раководството на Јувентус не застанува тука. Во преговори се со Кеита Балде од Лацио и Федерико Бернардески од Фиорентина, со оглед дека Алегри инсистира тимот да добие засилувања на страничните позиции. Јувентус е подготвен за овие двајца фудбалери да плати 50 милиони евра, но приоритет засега е играчот од Лацио, кој наводно веќе се договорил со шампионот на Италија.

Се вчитува...