Кире Лазаров - играч број 1 во мајските квалификации - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
25/09/2017 15:15
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43

Кире Лазаров – играч број 1 во мајските квалификации

Кире Лазаров – играч број 1 во мајските квалификации

Кире Лазаров е најдобар играч во мајските квалификации за ЕП 2018, откако македонскиот капитен освои најмногу гласови од фановите во изборот организиран од страна на ЕХФ ЕУРО 2018. Признанието се должи на извонредниот настап на десниот бек на двомечот со Исланд, откако Лазаров постигна 11 гола во победата на домашен терен, а потоа беше стрелец и на осум погодоци при минималниот пораз во Рејкјавик.

Македонецот е дел од идеалната постава во квалификациите за 3. и 4. коло, заедно со Омејер (Франција), Генсхајмер (Германија), Сагосен (Норвешка), Борозан (Црна Гора), Солер (Шпанија) и Буриќ (БиХ), а при гласањето за „играч на мајските квалификации“ од овие седум ракометари најмногу гласови собра токму Лазаров, за ново признание на капитенот на нашиот национален тим.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.