Колку ќе „тежи“ новиот договор на Хамилтoн со Мерцедес? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

Колку ќе „тежи“ новиот договор на Хамилтoн со Мерцедес?

Колку ќе „тежи“ новиот договор на Хамилтoн со Мерцедес?

Ф1 тимот на Мерцедес ќе го задржи Луис Хамилтон во своите редови  со нов договор кој ќе биде официјализиран наскоро и според британските медиуми, ќе тежи околу 120 милиони фунти. Или поилустративно, Хамилтон со новиот договор со Мерцедес ќе заработува по 11 илјади фунти дневно.

Хамилтон во недела ќе настапи на трката во Абу Даби, која е последна на календарот, со веќе обезбедена шампионска титула. А, по завршувањето на шампионатот, ќе бидат финализирани и преговорите со германскиот тим, со потпишување на нов тригодишен договор.

Британскиот возач има уште една година од актуелниот договор со Мерцедес, но тој веќе најави дека е расположен да ја продолжи соработката со германскиот тим додека е во врвна форма. Раководството на Мерцедес пак сака да го врзе четирикратниот шампион на подолг рок за да не дојде во искушение со некоја понуда од Ферари или од Ред Бул.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.