Костоски потпиша нов договор со Питешт

Александар Костоски и во следната сезона нема да биде дел од македонскиот шампионат, откако репрезентативниот плејмејкер реши да остане во Романија, па и следната сезона да ја мине во дресот на Питешт. Одличниот плејмејкер ја почна ланската сезона во Романија, по што замина за Питешт каде се прикажа во одлично светло и се наметна како еден од лидерите на новиот клуб.

Неговиот договор истече на крајот од сезонава, но бидејќи двете страни беа задоволни од соработката, денеска беше договорено Костоски да остане уште најмалку една сезона во дресот на овој клуб.

Се договоривме за нов едногодишен договор. Се чувствував добро во Питешт, ме радува што луѓето од клубот беа задоволни од моите игри, па експресно се договоривме за продолжување на соработката. Верувам дека откако ќе минам и подготовки со мојата екипа, ќе можам да играм уште подобро во однос на лани и со нетрпение ја очекувам новата сезона. Секако, претходно ми претстојат обврските со македонската репрезентација со која очекувам пласман во главната квалификациска рунда“ – истакна Костоски за ЕКИПА.

Се вчитува...