Костоски растури: Со 14 поени во продолжение му донесе победа на Питешт

Питешт предводен од Александар Костоски ја продолжи триумфалната серија во романскиот шампионат, откако вечерва по голема битка славеше против Крајова со резултат 122-112. Мечот беше решен дури по дополнителните пет минути, во кои Питешт одигра неверојатно во нападот постигнувајќи 25 поени, за трета победа во низа, во четвртото коло од домашното првенство.Македонскиот плејмејкер блесна токму во продолжението, кога беше незапирлив за гостинските кошаркари и од вкупно 25 поени на својот тим, само Костоски реализираше 14, самиот носејќи му ја победата на Питешт.Екс-кошаркарот на Куманово и на МЗТ Скопје го заврши мечот со 23 поени, 9 скока и 3 асистенции, уште еднаш потврдувајќи дека е меѓу клучните играчи на Питешт и оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...