Крај на сезоната за Енди Мареј?

Првиот светски рекет, Енди Мареј, најверојатно нема да настапува до крајот на сезоната. Британецот има проблем со колкот и според најавите, тој одлучил да оди на операција и да го реши проблемот со повредата.

Британските медиуми објавија вест дека по елиминацијата во четвртфиналето на Вимблдон, Мареј отпатувал во Швајцарија на дополнителни прегледи и консултации со специјалист. Според неговиот менаџмент, тој деновиве ќе има состанок со својот тим и најверојатно ќе ја донесе конечната одлука.

За првиот светски рекет има неколку опции, но сепак најреална е таа дека ќе мора да ја санира повредата и да направи подолга пауза во настапите.

Доколку се потврдат овие најави, Британецот нема да биде во можност да брани дури пет трофеи освоени во периодот од 9 септември до 20 ноември минатата година.

По елиминацијата на Вимблдон, подолга пауза во настапите најави и Новак Ѓоковиќ кој моментно е на 4.место на АТП листата, а една од причините за серијата лоши резултати е неговата повреда на лакотот.

Се вчитува...