Крај на сезоната за Гвардиола

Германскиот првак Рајн Некар Левен се соочува со огромен проблем во пресрет на финишот од сезоната, откако Гидеон Гвардиола заработи тешка повреда поради која шпанскиот ас го очекува долга пауза од ракометните терени. Гвардиола e клучен дефанзивец на „лавовите“, откако на почетокот од годинава беше и значаен дел од играта во одбрана на шпанската репрезентација при освојувањето на златниот медал на ЕП во Хрватска.

„Гидеон е шеф на нашата одбрана, тој е еден од најдобрите дефанзивци во светот, нормално е неговото отсуство да биде голем проблем за нас. Ќе се обидеме да го покриеме неговото неиграње со некого од актуелниот ростер, иако ни е јасно дека никој не може целосно да го замени Гвардиола. Секако, ќе го поддржиме нашиот ракометар на долгиот пат кон враќање на терените“ – изјави спортскиот директор на Рајн Некар Левен, Оливер Рогич.

Тимот на нашиот Филип Талески моментно е првопласиран во Бундес-лигата со 34 бода, еден повеќе (но и натпревар помалку) од Хановер на втората позиција.

Се вчитува...