Кулески и Абаз се вратија на тренинзите, но неизвесни за дуелот со Ерменија! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

Кулески и Абаз се вратија на тренинзите, но неизвесни за дуелот со Ерменија!

Кулески и Абаз се вратија на тренинзите, но неизвесни за дуелот со Ерменија!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски се соочува со нови проблеми околу креирањето на составот против Ерменија во Ереван за стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 во Италија.

Младите активно ги одработуваат тренинзите по пристигнувањето во Ереван пред утрешниот дуел, меѓутоа неизвесност носат членот на австралиски Сиднеј, Никола Кулески како Емил Абаз од Спартак Суботица, кои поради стомачен вирус пропуштија дел од тренинзите.

„Кулески и Абаз од вчера се вклучија во тренажниот процес, но ќе видиме колку тоа ќе се одрази на натпреварот. Останатите репрезентативци се подготвени“ – вели за ЕКИПА од Ереван, селекторот Милевски.

„Свесни сме дека не чека тежок натпревар, но знаеме дека мора соодветно да одговориме на предизвикот“.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија, прв за нас од новиот квалификациски циклус, се игра утре со почеток од 17 часот на стадионот на Академијата на Ерменската фудбалска федерација во Ереван.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.