Лига на нации: Македонија со Ерменија, Лихтенштајн и со Гибралтар во групата Д-4

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар, како ривали во групата Д – за Лигата на нации, новото натпреварување на УЕФА кое дава можност да се стигне и до пласман на Европското првенство во 2020 година. Нашиот национален тим е носител во групата и селекција со најдобар рејтинг, што значи дека „црвено-жолтите“ имаат објективни шанси да се изборат за место во плејофот. Првопласираната селекција обезбедува пласман во понатамошното разигрување.

Сите 55 учесници се распределени во четири лиги. Четирите победници од секоја група во четирите лиги продолжуваат во плеј-оф каде ќе се борат за пласман на Европското првенство.

Лига на нации започнува на 6. септември 2018 година, а групната фаза ќе трае до 20. ноември. Четири репрезентации преку новото натпреварување на УЕФА ќе се квалификуваат на ЕП 2020.

ГРУПА Д – 4

МАКЕДОНИЈА

ЕРМЕНИЈА

ЛИХТЕНШТАЈН

ГИБРАЛТАР

ГРУПИТЕ ОД ЛИГА Д ЗА ПЛАСМАН НА ЕП ПРЕКУ ЛИГАТА НА НАЦИИ

Се вчитува...