Лопетеги: Ќе биде тешко со Македонија во Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
25/09/2017 15:15
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43

Лопетеги: Ќе биде тешко со Македонија во Скопје

Лопетеги: Ќе биде тешко со Македонија во Скопје

Фудбалската репрезентација на Шпанија во најсилен состав ќе допатува во Скопје на 11 јуни, на дуел со Македонија во квалификациите за СП 2018 година. Селекторот Хулен Лопетеги не препушта ништо на случајноста и ги повика сите ѕвезди на шпанскиот фудбал, истакнувајќи го мечот со Македонија како еден од клучните до крајот на квалификацискиот циклус.

„Имаме три клучни натпревари до крајот на квалификациите, а меѓу нив е и гостувањето во Македонија. Ќе биде тоа навистина тежок натпревар, и за нас ќе биде мошне компликувано, затоа што доаѓа по завршувањето на сезоната. Дури 21 ден по крајот на шпанското првенство, ние ќе треба да го задржиме врвното ниво на фудбалерите и да одиграме на најквалитетно можно ниво. Македонците играат одлично на домашен терен, таму големи проблеми имаше и Италија. Но, ќе се подготвиме добро и се надевам на победа“, изјави селекторот на Шпанија, на денешната прес – конференција.

Шпанија пред гостувањето во Скопје ќе одигра и пријателски натпревар против Колумбија, како последна подготовка за квалификацискиот меч против Македонија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.