Луис Суарез во голгетерски сон

Барселона вечерва го игра градското дерби против Еспањол, а фудбалерите на каталонскиот гигант се надеваат дека на оваа средба конечно својот голгетерски пост ќе го прекине Луис Суарез. Уругваецот е втор стрелец сезонава на Барса, но во последно време е далеку од посакуваната форма

Поточно, Суарез не се запишал меѓу стрелците на последните пет натпревари на Барселона, серија што почна на мечот со Малага, продолжи против Реал Сосиедад и Реал Мадрид, а во меѓувреме тој не беше на посакуваното ниво ниту на двомечот од ЛШ против Јувентус, што значеше елиминација на каталонскиот гигант од елитното европско натпреварување.

Последен пат Суарез не постигнал гол на пет меча во серија во ноември 2014 година, а интересно е што откако го облече дресот на Барселона, на Уругваецот никогаш не му се случило да биде шест натпревари во низа без постигнат погодок.

Барса за денешното дерби повторно на располагање ќе го има и Нејмар, кој ја одлежа суспензијата од три натпревари по црвениот картон заработен на дуелот со Малага.

Се вчитува...