Македонија на 166.место на листата на ФИФА, Косово не прескокна

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на најновото издание на листата на ФИФА и сега се наоѓа на 166.позиција. За првпат пред нас е и селекцијата на Косово, која е рангирана две места погоре, на 164.место.

Нашиот следен ривал во квалификациите, репрезентацијата на Лихтенштајн, со која ќе ги одмериме силите во Вадуз на 24.март, се наоѓа на 184.место. Од нашата група, Шпанија е десетторангирана, Италија се наоѓа на 15.место, Албанија е на 54.позиција, а Израел е две места подолу.

Во првата „десетка“ нема никаква промена. На водечкото место е Аргентина, пред Бразил и Германија. Потоа следуваат селекциите на Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Се вчитува...