Малер за Блокотехна: Мелори го повреди коленото

Македонскиот кошаркарски прволигаш Блокотехна остана без услугите на плејмејкерот Мајкл Мелори. Тој заработи сериозна повреда на коленото и за него оваа сезона е завршена, па раководството на клубот ќе треба да најде соодветна замена во пресрет на продолжението од шампионатот во Првата лига.

Мелори одигра одлично во првиот дел од сезоната, па оттаму неговата повреда е и сериозен проблем за стручниот штаб на Блокотехна. Ова е втор малер за клубот, со оглед дека претходно на плејмејкерската позиција се повреди Андреј Цветковски, а токму како негова замена беше доведен Мајкл Мелори. Сега повторно ќе биде потребно ново решение.

Се вчитува...