ЖФК Скопје со пораз и на натпреварот за пласман во квалификациите во ЛШ

Женскиот фудбалски шампион на Македонија, ЖФК Скопје по поразот од ирски Атлоне во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, денеска беше поразен и од грузиски Лусо со 2-0 во натпреварот за пласман на квалификацискиот турнир.

Грузискиот шампион до водство од 1-0 стигна со погодокот на Метонидѕе во 37. минута од натпреварот. Конечните 2-0 за жал грузискиот претставник во елитното натпреварување ги постави со автоголот на младата Евгенија Велјановска во 59. минута.

ЖФК Скопје сега се насочува кон одбраната на титуалта во домашниот шампионат.

Се вчитува...