Кусанов останува во Манчестер до 2031 година

Фудбалерот на Манчестер Сити, Абдукодир Хусанов, потпиша нов петгодишен договор со „граѓаните“, со опција за продолжување на соработката за уште 12 месеци. Манчестер Сити официјално објави дека 22-годишниот дефанзивец потпишал договор до 2031 година, додека претходниот му истекуваше во летото 2029 година.

Узбекистанскиот репрезентативец стана еден од најдобрите дефанзивци на Сити откако пристигна од Ленс во јануари 2025 година. Во текот на вториот дел од минатата сезона, тој се избори за стандардно место во тимот по повредите на Рубен Дијаш и Јошко Гвардиол, а добрите игри беа наградени со нов договор.

Иако мина низ тежок период по пристигнувањето во Сити, имаше големи проблеми на почетокот на првиот натпревар во Премиерлигата против Челси, сепак успеа да се избори за важна улога под водство на актуелниот менаџер Пеп Гвардиола.

Минатата сезона, узбекистанскиот репрезентативец одигра 37 натпревари за Сити и му помогна на клубот да ги освои ФА Купот и Лига купот.

Се вчитува...