Марадона не мирува: Полиција во Мадрид интервенираше поради караница со жена во хотел… (видео)

Шпанската полиција соопшти дека добила повик од еден мадридски хотел, не сакајќи да го именува, со цел да се истражи жестока караница меѓу легендарниот Диего Армандо Марадона и една жена која ги вознемирила сите гости во хотелот.

Во соопштението се наведува дека полицијата излегла на терен за проверка по повикот од хотелот, при што испитани се Марадона и девојката за која не сакаа да потврдат дали била само гостин во хотелот или е девојка на Марадона.

А, Марадона за време на престојот во Мадрид, каде го следеше дуелот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Наполи, воопшто не мируваше. Претходно шпанските медиуми објавија видео снимка на која се гледа како Марадона му се заканува на еден новинар кој се обиде да разговара со него пред дуелот од ЛШ.

Се вчитува...