Марибор, Лудогорец, Селтик, Салцбург, Легија…по стапките на Вардар

Словечкиот првак Марибор, бугарскиот шампион Левски, австрискиот Салцбург, полскиот првак Легија…тргнаа по стапките на Вардар и се пласираа во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Марибор го елиминира босанскиот првак Зрињски, откако одигра 1-1 на домашен терен. Но, претходно славеше со 1-2 на гости во БиХ.

Лудогорец ја надомести негативата (1-2) од првиот меч против литванскиот Жалгирис и славеше со убедливи 4-1. Селтик немаше тешка задача против Линфилд (Северна Ирска) и победи со 4-0, а Легија Варшава беше уште поубедлива и победи со 6-0 против Мариехам (Финска). Салцбург со 3-0 пред своите фанови го совлада Хибернијанс (Малта).

Розенборг со многу мака се пласира во следната рунда, и дури по продолженија го елиминира Дандалк (Р. Ирска), победувајќи со 2-1 пред својата публика.

Резултати ЛШ – реванши: Дуделанж – АПОЕЛ 0-1, Розенборг – Дандалк 2-1 (по продолженија), ФК Копенхаген – Жилина 1-2, Кукеши – Шериф Т. 2-1, Лудогорец – Жалгирис 4-1, Марибор – Зрињски 1-1, Салцбург – Хибернијанс 3-0, Селтик – Линфилд 4-0, Легија – Мариехам 6-0.

Се вчитува...