Марканен со „рампа на годината“ го легна Кари на земја (видео)

Актуелниот НБА шампион, тимот на Голден стејт вориорс ноќеска забележа нова победа во гостувањето против „булси“ во Чикаго (119-112), но шоуто на средбата го „украде“ новајлијата Лаури Марканен.

Младиот Финец импресионира се повеќе и повеќе, со секој нареден натпревар потвдува дека ќе биде голема ѕвезда во иднина, а како знак дека станува миленик на публликата, си доби и прекар „Финишер“, на место одрбран надинак што го карактеризира неговиот прецизен шут од далечина. Сепак, Марканен покажа и импресивни одбранбени предиспозиции откако во еден „мис-меч“ го спречи Стеф Кари да стигне до поени. Не само што го спречи, туку целосно му го затвори патот до обрачот.

Се вчитува...