Марсел Хиршер златен во велеслалом

Австриецот Марсел Хиршер е победник на велеслаломот на Светското првенство во Сент Мориц. Водечкиот во генералниот пласман во Светскиот куп за првпат во кариерата го освои златниот медал во оваа дисциплина.

Хиршер победи со време од 2:13.31 минути, пред неговиот сонародник Роланд Леитингер (2:13.56 мин.), а бронзениот медал му припадна на Норвежанецот Леиф Кристијан Хауген (2:14.01 мин.).

Се вчитува...