Марсело: Не смееме да си дозволиме нови „киксови“

Реал Мадрид загуби на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија и сега предноста на „кралевите“ во однос на Барселона е минимална, само еден бод, а тимот на Зидан има и еден одигран натпревар помалку. Но, бразилскиот интернационалец Марсело вели дека Реал Мадрид не смее да си дозволи нов „кикс“ во периодот што следи, затоа што конкурентите демнат од позадина.

„Го почнавме мечот многу лошо. Дозволивме да примиме два гола во првите десетина минути, а потоа е тешко да се надомести таква негатива на „Месталја“. Валенсија е квалитетен тим, кој игра најдобро токму против најквалитетните. Мора да извлечеме лекција од нашите грешки и да не ги повториме до крајот на сезоната. Веќе не смееме да си дозволиме нови „киксови“. Треба да го заборавиме овој пораз и да фокусираме на новите искушенија“, изјави Марсело.

Реал Мадрид претстојниов викенд има уште едно тешко гостување против Вилјареал.

Се вчитува...