Матиу ја напушта Барселона, се сели во Турција

Дефанзивецот на Барселона, Жереми Матиу, доби дозвола да го напушти „Камп Ноу“, и е на прагот да оствари трансфер во турскиот клуб Фенербахче. Новиот тренер на каталонскиот клуб, Ернесто Валверде, му дозволи да на Матиу да си замине, нагласувајќи му дека нема да има стандардно место во составот, доколку реши да остане. Оттаму и одлуката на стоперот да се пресели во редовите на Фенербахче.

Турскиот весник „Фанатик“ открива дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Фенербахче, а во наредните денови треба и двата клуба да ги усогласат ставовите околу отштетата.

Матиу стигна во Барселона во 2014 година од редовите на Валенсија за сума од 20 милиони евра. За него се интересираше и грчкиот Олимпијакос, но Французинот сепак се реши да замине во Турција.

Се вчитува...