Металург испадна од Втората лига, Тетекс се спаси, трофејот за Академија Пандев

Металург некогаш беше стабилен прволигаш, освојувач на Купот, а од денеска е третолигаш. Лошото менаџирање на клубот доведе до целосен колапс, што придонесе „металурзите“ да паднат на многу ниски гранки. Тие го загубија денешниот директен дуел за опстанок од Тетекс (0-1) и се збогуваа од второлигашкото друштво. Тетекс славеше со голот на Игор Савевски во осмата минута од натпреварот. Сепак, Тетекс ќе игра бараж за опстанок.

Тиквеш се спаси на директен начин откако дојде до круцијални три бода на денешниот меч против Хоризонт Турново, победувајќи со 2-1. Наум Бакрачески и Горанчо Стојановски беа стрелци за кавадаречкиот состав, а Игор Лазарев си постигна и автогол, што во 80.минута ги „смрзна“ сите. Но, Тиквеш одговори повторно само три минути подоцна.

Вардар Неготино славеше со 1-0 против Еуромилк за збогување од второлигашкото друштво, а новите прволигаши Академија Пандев и ФК Скопје одиграа 1-1. Љупчо Дориев ја доведе Академија Пандев во водство, а израмни Петре Василевски од пенал во 74.минута од средбата.

Новаци ќе игра бараж за влез во Првата лига, а вчера славеше на гости против Велазерими со 2-3. Со ова и официјално заврши натпреварувањето во Втората фудбалска лига на Македонија.

Се вчитува...