Металург надигран и поразен од Војводина

Металург го запиша вториот пораз во четвртиот натпревар во регионалната СЕХА лига. На гостувањето во Нови Сад, „металурзи“ беа поразени од Војводина со 21-19 . За српскиот тим ова е прва победа сезонава по трите порази во серија и со привремен тренер  на клупата по раскинувањето на соработката со Бошко Рудиќ. Металург немаше среќа, но немаше ни игра, а ни доволно борбреност и сигурност за позитивен резултат на овој дуел со српскиот противник.

5_original

По стартното водство на Металург, домашните ракометари брзо ја презедоа иницијатива и по првите девет минути имаа водство од 5-2.  Агресивната во одбраната на Војводина, не им оставаше многу простор на „металурзи“ кои на моменти делуваа безидејно во нападот и тешко доаѓаа до реализација. Домаќините ја одржуваа позитивата се до 27.минута кога Вања Илиќ му донесе ново изедначување на Металурл (9-9), а во истекот на последната минута Филип Кузмановски погододи за 10-11 што беше второ водство на македонскиот вицешампион на овој меч. Но, „металурзи“ во последните секунди од полувремето, не успеаја да се одбранат и помалку невнимателно им дозволија на домаќините да постигнат гол и на одмор да заминат со 11-11.

7_original

Металург се мачеше и на стратот на  второто полувреме и за 12 минути минути постигна само еден гол. Ракометарите на Војводина пак тргнаа многу поагресивно, поведоа со 15-12  и сигурно ја градеа играта. Лошата серија на Металург конечно ја прекина Божо Анѓелиќ со погодок од седмерец за 15-13 во 43.минута. Тоа како да ги разбуди „металурзи“ да тргнат поагресивно и посигурно во нападот што донесе два погодоци во серија и намалување на негативата на 16-15 на стартот од последната четвртина. Седмата одбрана на Дарко Арсиќ донесе дополнителна сигурност во македонскиот тим и отвори шанса за ново изедначување која од тешка позиција ја реализира Вања Илиќ за 16-16, а набрзо потоа Металург дојде и до ново водство (16-17) и ја презеде иницијативата на теренот во Нови Сад. Дарко Арсиќ на голот и многу поагресивната игра во одбраната со Вања Илиќ напред го даде посакуваниот резултат и  „металурзи“ со позитива влегоа во последните десет минути.

6_original

Кога најмалку беше потребно, на пет минути пред крај при резултат 18-18, Халил Јагањац направи невнимателен старт и доби исклучување, а Војводина брзо ја искористи предноста на терен за нов пресврт и минимална предност од 19-18, а наброз потоа и да зголемат на 20-18 со погодокот на Грозданиќ на празниот гол на Металург. Металург се обиде да се врати, но Војводина ги држеше конците и водството до крај за првата победа сезонава со конечните 21-19.

Капитенот Филип Кузмановски беше најефикасен кај Металург со пет гола,  Божо Анѓелиќ постигна четири гола,  три додаде Вања Илиќ. Дарко Арсиќ заврши со 11 одбрани. Кај Војводина прв стрелец беше  Вукашин Стојановиќ со шест погодоци без промашување.

Следниот натпревар во СЕХА лигата, Металург го игра на 3 октомври на домашен терен против ППД Загреб, а во меѓувреме „металурзи“ продолжуваат со настапите во групата Д од Лигата на шампионите, в недела против Бешикташ и на 30 септември против Спортинг.

Се вчитува...