Михајлoвски: Заборавете на судии, концентрирајте се на играта - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31
Ракомет
27/04/2017 21:15
Ракомет
27/04/2017 21:02

Михајлoвски: Заборавете на судии, концентрирајте се на играта

Михајлoвски: Заборавете на судии, концентрирајте се на играта

Претседателот на СЕХА – лигата и поранешен сопственик на Вардар, Михајло Михајловски, исто така беше присутен на прес – конференцијата на „вардарци“ во пресрет на двомечот со Фленсбург и им посака да одиграат како против Веспрем во финалето на Регионалната лига. Тој смета дека Вардар има големи шанси за првпат да избори пласман на Ф4 турнирот во Келн.

„Посакувам ваквата игра Вардар да ја повтори и против Фленсбург и посакувам Вардар да се пласира на Ф4. Бев присутен на последните три турнири Ф4 во Келн и секогаш имаше една тага и прашања кога ќе игра Вардар во завршницата од ЛШ. Им посакувам на играчите и на стручниот штаб Вардар да ја повтори играта што ја прикажа против Веспрем, и Вардар да заигра на Ф4. Веспрем не е послаб тим од Фленсбург. Кога му го предадов Вардар на г-динот Самсоненко бев убеден дека Вардар ќе продолжи во ннагорна линија“, изјави Михајло Михајловски, а потоа ја кажа и поентата…

„Имам еден совет, заборавете на судии, и мене ми се врти во глава…Но, заборавете на судии, концентрирајте се на играта и верувам дека твоето мислење ќе го смениш откако ќе се радуваме на пласманот на Вардар на фајналфор“, му рече Михајло Михајловски на Сергеј Самсоненко.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.