„Милионерите“ со пресврт до победа во Менхенгладбах

Борусија Дортмунд со пресврт во второто полувреме успеа да оствари триоумф од 2-3 на гости против Борусија Менхенгладбах и се врати на третата позиција на табелата во Бундес-лигата, која носи директно во Лигата на шампионите следната сезона. „Милионерите“ имаа верба до самиот крај и освоија значајни три бода на овој меч.

Марко Ројс од пенал донесе водство во десеттата минута, но Штиндл го израмни резултатот. На почетокот на вториот дел Шмелцер си постигна автогол, но со головите на Обамејанг во 59.минута и на Гвереиро во 87.минута, гостите од Дортмунд стигнаа до победа.

Raphael Guerreiro Goal HD – Mönchengladbach 2-3… by tildaengh

Се вчитува...