Митревски потпиша за Хапоел Хаифа

Македонскиот интернационалец Ристо Митревски ја продолжува својата кариера во Израел. Тој и официјално потпиша договор со Хапоел Хаифа и во наредниот период ќе го носи дресот на овој клуб.

Митревски претходно беше дел од хрватскиот прволигап Истра, но по финансиската криза која го зафати клубот реши да си замине заедно со вториот македонски интернационалец Томе Китановски.

За Митревски ова е деветти клуб во кариерата. Претходно дефанзивецот настапуваше за Металург, Доњи Срем, Сараево, Тетекс, Напредок, Победа, Работнички и за Истра.

Се вчитува...