Младинките против Унгарија ги почнуваат квалификациите за ЕП 2017 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52
Коментари
20/11/2017 12:12

Младинките против Унгарија ги почнуваат квалификациите за ЕП 2017

Младинките против Унгарија ги почнуваат квалификациите за ЕП 2017

На стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2017 (У19), женската младинска репрезентација на Македонија, денеска (19.30 ч.) во СРЦ Кале ќе игра против слекцијата на Унгарија. На квалификацискиот турнир на кој Скопје е домаќин, настапуваат уште и селекциите на Молдавија и на Фарските Острови. Пласман на ЕП 2017 во Словенија ќе обезбедат првите две репрезентации во групата.

Добрите подготовки и домашниот терен носат оптимизам во македонската репрезентација и верба дека младинките може да изборат настап на ЕП.

Ги анализиравме добро противниците од видео материјалите што секако ќе ни помогне, но сметам дека главното ќе зависи од нас. Фокусот е на агресивноста во одбраната што понатаму треба да ни отвори можност за брза транзиција и лесна реализација. Во овие девојки има потенцијал и верувам дека успешно ќе ги минеме овие квалификации“ – вели селекторот на македонската репрезентација, Борче Марковски.

Во однос на денешниот прв натпревар, македонскиот селектор потенцира дека репрезентацијата на Унгарија е фаворит, но и дека во тоа гледа дополнителна мотивација.

„Унгарија, реално е фаворит во групата. Тоа е репрезентација која со истата оваа генерација го освои третото место на ЕП во Скопје во 2015 година, но сепак, тоа не значи дека планираме против нив да се предадеме. Напротив, фактот што се меѓу најдобрите во Европа ќе ни биде дополнителна мотивација за што подобар настап“ – истакнува Марковски.

Квалификации ЕП 2017 (У19), 1.коло:

Фарски Острови – Молдавија (СРЦ Кале, 17.00 ч.)

Унгарија – Македонија (СРЦ Кале, 19.30 ч.)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.