Монако ја најде замената за Мбапе

Францускиот првак Монако ја пронајде замената за својот мегаталент Килијан Мбапе во редовите на Рен. Се работи за 21-годишниот напаѓач Адам Дијакаби, кој за сума од 10 милиони евра треба да пристигне во тимот на „кнезовите“. Преговорите се веќе во завршна фаза, а тренерот Леонардо Жардим сака навреме да се обезбеди со нов напаѓач, во пресрет на веројатниот мегатрансфер што Мбапе ќе го направи ова лето, пред крајот на преодниот рок.

За Мбапе постои фантастичен интерес од најголемите европски клубови Реал Мадрид и Барселона, а во наддавањето се и Манчестер сити и Пари Сен Жермен.

   

Се вчитува...