Мурињо сака да го купи Умтити од Барса, би платил 60 милиони евра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Мурињо сака да го купи Умтити од Барса, би платил 60 милиони евра

Мурињо сака да го купи Умтити од Барса, би платил 60 милиони евра

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, не е задоволен од Виктор Линделоф, засилувањето кое дојде од Бенфика, па наредното лето ќе се обиде да доведе нов централен дефанзивец. Изборот на Португалецот е Самуел Умтити, одбранбениот фудбалер на Барселона и француски репрезентативец, за кого Мурињо смета дека би можел да игра одлично во тандем со Ерик Баи.

Но, „операцијата Умтити“ воопшто не е лесна за реализација. Французинот има отштетна клаузула од 60 милиони евра, што секако е огромна за дефанзивец. Сепак, Мурињо е убеден дека тој би бил огромно засилување за неговиот тим и вели дека би ја платил оваа сума. Но, раководството на клубот од „Олд трафорд“ му порача на Португалецот дека ќе мора да ослободи дел од буџетот со продажба на фудбалери од постоечкиот погон, за да може да купи нови засилувања.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.