МЗТ пак одговара: Доста се соопштенија, што имаме ќе кажеме на терен

На денот на одигрување на четвртиот финален натпревар од плејофот, продолжува препукувањето меѓу финалистите, па така МЗТ Скопје сега се јави со одговор за обвинувањата од страна на Карпош соколи. Најновото соопштение на актуелниот првак на Македонија го пренесуваме во целост:

print screen mzt

И навистина, време е погледите да се насочат кон кошарката, спортот што се игра со топка на терен, а не пред тастатура пишувајќи соопштенија.

Четвртиот финален натпревар меѓу Карпош соколи и МЗТ Скопје на програмата е вечерва во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, прва шанса за МЗТ да ја осигура шестата победа во низа. Без оглед кој ќе победи вечерва, ред е поразениот да му честита на победникот, наместо да се врши „преписка“ со соопштенија преку медиумите.

Се вчитува...