Надал нема да игра против Србија во Дејвис купот

Шпанецот одлучи да не ја застапува својата држава во четврфиналната фаза во Дејвис купот. Љубителите на тенисот во Србија за жал нема да го гледаат некогашниот светски рекет број еден.

Селекторката на шпанската репрезентација, Кончита Мартинес објави список на тенисери кои ќе ги бранат боир на „фуријата“, во кој се Пабло Карењо, Алберто Рамос, Марсел Гранољерс и специјалистот за дубл Марк Лопес. Карењо, Рамос и Гранољерс се во Топ 50 на АТП листата, со што го потврдуваат квалитетот.

Чевртфиналните дуели помеѓу Србија и Шпанија ќе се одиграат од 07.април до 09.април во салата „Александар Николиќ“.

На спротивната страна, Србите објавија дека Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи домашната селекција во пресметките со „црвената фурија“, а на второрангираниот светски тенисер друштво ќе му прават Троицки, Лајовиќ и Зимоњиќ.

Се вчитува...