Надал шокиран на стартот во Лондон - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Надал шокиран на стартот во Лондон

Надал шокиран на стартот во Лондон

Рафаел Надал беше непријатно изненаден на самиот старт од АТП шампионатот во Лондон, откако прворангираниот светски тенисер неочекувано загуби од Давид Гофан со 1-2 во сетови. Белгиецот игра многу слабо во последно време, но очигледно најде мотивација во пресметката со првиот светски рекет, одигра одличен меч и заслужено стигна до победата. Шпанскиот ас се врати од невозможна ситуација во вториот сет, кога спаси четири меч топки на Гофан, но повредата на коленото што го мачи извесно време не му дозволи на првиот носител да го одигра мечот до крај на највисоко ниво, па белгискиот тенисер на крајот се радуваше на победата.

Гофан прв стигна до брејкт за водство од 2-1, но Надал набрзо возврати, па првиот сет беше решен во тајбрејк, во кој подобар беше белгискиот тенисер со 7-5. Вториот сет донесе израмнета игра во која двајцата тенисери делуваа сигурно на свој сервис се до осмиот гејм, кога при водство од 4-3 Гофан ја искористи првата брејк шанса и се најде на чекор до победата. Тој имаше и 30-15 на свој сервис при водство од 5-3, но потоа за момент застана и со двојна сервис грешка во клучните моменти го врати големиот ривал во мечот. Белгиецот имаше и меч-топка на сервис на Надал, но неговиот форхенд од добра ситуација почетнички заврши во аут, а првиот носител успеа да израмни на 5-5. Гофан сепак се разбуди го доби својот сервис, а потоа при водство од 6-5 дојде и до три меч топки (0-40 на сервис на Надал). Шпанскиот тениски великан ја покажа својата величина, со извонредна игра ги доби следните пет поени и израмни на 6-6. Во тајбрејкот прв поведе Гофан со 2-0, но следеа шест поени во серија за Надал, кој го доби тајбрејкот со 7-4  и израмни на 1-1 во сетови.

Сепак, проблемите со повреденото колено стана посериозни, движењето на Шпанецот беше побавно во решавачкиот сет, а Гофан го искористи тоа за да дојде до триумф од 6-4. Останува да се види дали Надал по овие проблеми, но и фактот дека не е способен да го даде максимумот, ќе продолжи со настап на АТП шампионатот, или ќе го отстапи своето место на една од резервите, Карено Буста и Квери, кои се наоѓаат во Лондон.

Претходно, во првиот меч од оваа група Григор Димитров го совлада Доминик Тием со 2-1 во сетови. Бугарскиот тенисер го доби првиот сет со 6-3, Австриецот возврати со 5-7, за во клучните моменти Димитров да блесне, при 5-5 во решавачкиот сет да ги освои следните два гејма и да стигне до голема победа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.