Наполи броеше до шест, Калиниќ е херојот на Милан

Наполи продолжува со импресивните игри од стартот на сезоната, стигнувајќи до нова победа во италијанското првенство. Овојпат „наполитанците“ на домашен терен го пречекаа новиот прволигаш Беневенто, кого го испратија дома со шест гола во мрежата (6-0). Алан погоди веќе во 2. минута и ја најави катастрофата на гостинскиот тим, по што до крајот стрелци беа и Мертенс (хет-трик, два од пенал), Инсиње и Калјехон.

Милан по голема битка славеше со 2-1 над Удинезе благодарение на Никола Калиниќ. Хрватскиот ас доби шанса во стартниот тим и постигна два погодоци во овој триумф, Калиниќ даде и гол за хет-трик, но истиот беше поништен по прегледување на ситуацијата со ВАР технологија.

Резултати Италија:

Сасуоло – Јувентус 1-3, Наполи – Беневенто 6-0, Милан – Удинезе 2-1, СПАЛ – Калјари 0-2, Торино – Сампдорија 2-2.

Napoli 5-0 Benevento All Goals by football-GrintaD.Mertens Goal (Penalty ) Napoli 6 – 0… by MixxiTV1AC Milan 2 – 1 Udinese 17/09/2017 All Goals… by dirkdemas

Се вчитува...